Во однос на објавата на Каракачанов на социјалните мрежи на картата на т.н. Санстефанска Бугарија, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изјави дека смета оти станува збор за предизборен фолклор во пресрет на парламентараните избори во Бугарија.
– Колку поголема реакција ова ќе предизвика кај нас, можеби ќе има поголем ефект, а можеби тоа било и идејата. Ние што навистина сакаме добрососедство и пријателство треба да сме внимателни во тоа што го зборуваме и го објавуваме на социјалните медиуми. Посебно треба да избегнуваме изјави и објави коишто наликуваат на територијални претензиии и се против Договорот за пријателство и нашето сојузништво во НАТО, додаде Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.