Ние имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Реално, редот е на ЕУ да испорача. Во тој контекст од самитот ЕУ-Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за неговата европска иднина, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Осврнувајќи се на негото учество со специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собртание на Советот на Европа, Димитров, како што јави дописникот на МИА од Стразбур, истакна дека ПССЕ одамна не дебатирало за Балканот, а тајмингот е одличен и очекува оваа дебата да резултира со една голема поддршка на 47-те земји челени во однос на европската иднина на Блаканот, кој е многу потребна.

– Работите не се добри и мора да бидат подобри. Јас се обидов преку македонската приказна како најдрастична да им укажам посебно на 27-те земји членки на ЕУ, зошто процесот мора да мрдне. И истовремено на некој начин да аргументирам и за целиот Балкан, за шесте земји од Западниот Балкан, зошто е толку важно Европа да си го одржи ветувањето. Ветувањето е дадено пред 18 години и дури и молчев 16 секунди за да ги симболизирам 16-те години што македонскиот народ, сите македонски граѓани ги поминаа во чекање да почнеме на патот. Така што мислам дека целта ја остварив. Имав и доста средби на маргините. Мислам дека имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Мсилам дека реално, редот е на ЕУ да испорача, рече Димитров.

За неговите директни забалешки околку блокадата на нашите евроинтеграции од страна на соседна Бугарија, тој повтори дека не е европски и не е добрососедски, па ниту пристојно кога соседот ви се меша во тоа каков јазик зборувате.

– Ние зборуваме македонски јазик, тоа прашање е за нас, за Македонците. Така што не можев, а тоа да не го кажам. Истовремено убеден сум дека нашата битка за македонскиот идентитет е битка и за европскиот идентитет. Минатата недела беше ден на европските јазици и култури, Ден означен од Советот на Европа. Живееме на континент што е многу богат со различности и не може како услов за напред кон едно такво семејство некој да ви го проблематизира јазикот на европско ниво. Тоа не е добро. И затоа апелирав на лидерство, на одговорност. Во интерес и на нашата држава и на соседна Бугарија и на пријателството е ова да го решиме на европски начин, смета Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.