Министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција не прецизираше дали Македонија размислува да ја затвори границата со Србија поради порастот на заболени од ковид-19 кај соседите.
Ја следиме состојбата во сите земји и врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести ќе ги носиме одлуките. За прашањето на границите нема политика, клучниот критериум е епидемиолошката слика. Препораката на ЕУ визави границите, клучниот критериум е блсику до 20 нови случаи регистрирани во последните 14 дена на 100.000 жители. Ова се однесува на несуштински патувања. Ние ќе бидеме во блиски консултации со сите земји од интерес. Во овој момент може да се каже дека дневно ја следиме состојбата, сакаме да имаме точно проверени бројки и врз проверените бројки ќе се отвори дебата прво во Комисјата а потоа и на политичко ниво, рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.