По критиките во јавноста дека во графата за државјанство НАТО ја користи формулацијата „граѓани на Македонија“, реагираше Министерството за надворешни работи.
Министерот Никола Димитров на својот Твитер-профил информираше дека станува збор за грешка која е поправена.
„Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се“,
напиша Димитров.
Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните укажувања. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се. pic.twitter.com/deffarz8lA
— Никола Димитров (@NDimitrovMK) May 23, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.