Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со новоименуваниот вонреден и ополномоштен нерезидентен амбасадор на Австралија, Даниел Џосеф Емери.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Емери и изразил очекување дека за време на неговиот мандат билатералните односи ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија во насока на промовирање и збогатување на пријателството и сојузништвото на меѓународната сцена, особено од аспект на мултилатералата.

Амбасадорот Емери искажа увереност и спремност за натамошно унапредување на блиските односи меѓу Македонија и Австралија преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес и трговската размена меѓу двете земји. Тој исто така изрази интерес за европската перспектива на државата и поддршка во евроинтегративниот процес – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.