Наши најголеми поддржувачи треба да бидат нашите соседи, бидејќи тие имаат најголем интерес од една европска, блиска, предвидлива Македонија. Убеден сум дека за да бидете блиски мора да го почитувате другиот, и тоа почитување секако вклучува дека идентитеските прашања и прашањето за Македонците, за македонскиот јазик се прашања за македонскиот народ.

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Виена со австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер, во одговор на новинарско прашање дали очекува дека по изборите во Бугарија ќе има напредок во решавањето на билатералното прашање.

Се конституираше Парламентот во Софија и мислам дека нам ни треба еден вид стратешко трпение да видиме да се формира тамошната Влада. Излегувањето на процесот од шините не ни е во интерес ниту нам, ниту на Бугарија, ниту на регионот, ниту на Европската Унија. Ќе работиме на тоа, ќе растеме заедно, немаме многу време на Балканот – рече Димитров.

Изборите во Бугарија, оцени Димитров, покажаа дека за овој тип на прашања, а партијата којашто посебно стави фокус на ова прашање, а не успеа да влезе во Парламентот, општествата на Балканот понекогаш излегуваат позрели од политичките сили.

Доброто е што политичките сили мораат заради природата на политиката и демократијата да ги следат своите општества – рече Димитров.

Според него, влогот е многу голем, и мислам дека и европска Бугарија и европска  Македонија и регионот ако сме мудри можеме да прогласиме заеднички успех дали за неколку месеци, во секој случај во оваа година, бидејќи успехот е стратешки императив оваа година и за ЕУ и за нашиот регион.

Не може државите да признаваат јазици. Прашањето на јазиците е прашање на самоопределување и е многу внатрешно прашање. И во таа смисла не е на линија на Лисабонскиот договор и на Повелбата на ЕУ за основни права ако било која земја членка на една европска нација можеби мала, но важна, во 21 век да прашува, предизвикува дали нашиот јазик е наш јазик, или не е наш јазик. Македонскиот јазик беше официјален јазик и во поранешна Југославија, тој е признаен и во ОН и тоа е прашање за нас. Пријателството мора да подразбира почитување на достоинството на другиот. Ама ќе стигнеме и до таму – заклучи вицепремиерот Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.