Мојата мисија не е завршена.Направивме пресврт во клучни области да завршиме. Во заев гледам човек со можности да ја ставиме државата во тие шини, истакна кандидатот во првата изборна единица Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“.

Почестен сум што ја имам должноста и привилегијата што сум натпартски кандидат. Точно е дека законодавната власт треба да ја преземе своја улога. Очигледно е дека е време сите ние да следиме идеи и визија па да имаме различи идеи. Тоа е важно-рече Димитров во емисијата „Само вистина“.

Тој прашува дали бевме погорди како нација кога одевме со ливче во Грција, или пак кога нашите пејачи настапуваа со име на една непостоечка држава.

-Гордоста и патриотизмот имаат многу врска со реалност и со гордоста. Ова за мене е на ниво на дрскост, кога зборувам за нападите на опозицијата-вели Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.