Во време кога Софија го блокираше почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ поради разликите околу македонскиот народ и јазик, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров ги елаборираше јазичните политики на ЕУ, велејќи дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Унијата во моментот кога земјата ќе стане полноправна членка. Димитров додаде дека земјата кандидат има обврска да го преведе европското законодавство на својот јазик, во случајов македонскиот и тоа е еден од елементите на Копенхашките критериуми.

Јазиците можат да послужат како мост меѓу народите промовирајќи меѓусебно разбирање и чувство за заеднички европски идентитет. ЕУ создаде европски дух на заедништво и единство. Ова е Унијата кон која се стремиме, тоа се вредностите и принципите што ние самите мора да ги практикуваме, живееме и охрабруваме, за што поскоро да станеме вистински дел од оваа заедница.“

На конференцијата организирана од Здружението на преведувачи, евроамбасадорот Дејвид Гир не зборуваше за бугарската блокада, но истакна дека јазичната разноликост е вметната во европското право.

Во Европа, јазичната разновидност е дел од секојдневниот живот. Оваа разновидност е извор на моќ и богатство. ЕУ има околу 450 милиони граѓани, 27 земји-членки, 3 азбуки и 24 официјални јазици. Околу 60 други јазици се дел од наследството на ЕУ и се зборуваат во одредени региони или од одредени групи.“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.