Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција во Владата на Македонија по повод шпанската ратификацијата на Протоколот за влез во НАТО на земјава посочи дека е исполнето даденото ветување на граѓаните и идните поколенија.

– Ова се случи поради лидерството, спремноста и одговорноста да ја превземе судбината во наши раце. Од самитот во Букурешт разлика имавме со Грција. Го решивме тој проблем и го зацврстивме пријателството. Заокружувањето на овој процес заврши вчера во Шпанија, во исклучително тешки, вонредни услови. Ова значи поголема безбедност, стабилност и просперитет на нашата татковина и сите македонски граѓани. Покажавме дека можеме да ги надминеме и најтешкте предизвици. Стејт департментот ќе ги извести сите сојузници и потоа ќе дојде време ние да го депонираме нашиот инструмент за ратификација, потоа формално ќе станеме 30 членка на Алијансата. Ќе покажеме дека сме достојна земја членка – рече Димитров.

Тој додаде дека смета моментот требало да се одбележи и покрај моменталната ситуација, откако 27 години генерации работат на ова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.