Никола Димитров посочи дека МНР презема низа активности да им помогне на македонските граѓаните кои се надвор од државата, а сакаат да се вратат дома.
– Има македонски граѓани кои се надвор. Во секој момент се менува состојбата. Стигаат информации дека држави ќе затворат секаков вид на сообраќај и ќе забранат влез во државите. Да се оди за туризам некаде надвор денес е несериозно и неодговорно, освен оние со неодложни обврски. Имаме координативно тело со броеви, со мејлови. Во конзуларните преставништва имаме лица за врски. Имаме наши граѓани во Малта чиј лет бил откажан, па сега во понеделник ќе патуваат со „Туркиш ерлајнс“. Но овие граѓани заминале таму пред неколку дена како туристи. Истовремено помагаме и на превозниците кои се надвор од дома, значи сите капацитети ги имаме на располагање, изјави Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.