Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа во студиото на 1ТВ ги разјасни медиумските шпекулации дека тој и Пендаровски се скарани и дека тој е лут затоа што не ја добил претдедателсксата кандидатура, а Пендаровски затоа го искарал.
Димитров рече дека не добил никакви забелешки од Стево Пендаровски дека не му дава поддршка во предизборната кампања за претседател на Македонија, туку дека се тоа е повеќе медиумска претпоставка, односно медиумски интерес.
Ние на некој начин сме во комплементарност. Тој зборува за НАТО и за почеток на преговорите со Европската Унија ,а јас тоа го работам. Ние сме комплементарни во неговата визија и мојот фокус на она што го работам во овој период, истакна шефот на македонската дипломатија.
До митингот во Куманово на петнаесеттиот ден од изборната кампања Никола Димитров се немаше појавено на митинзите на Пендаровски.
Во синоќешното гостување разјасни дека штотуку се врати од двонеделната „дипломатска турнеја“ во која беа опфатени посети на САД, Германија и Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.