Бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС, Љубчо Нешков, кој денес го објави интервјуто со премиерот Зоран Заев што предизвика многу полемики, тврди дека македонскиот вицепремиер Никола Димитров е одговорен за антибугарската пропаганда во изминатите десетина месеци.
Ветото е логичен крај на политиката на лажење, измама и омраза која што почна пред 10-тина месеци во соседна Македонија. Таму си има и конкретен виновник за тоа што се случува, по тоа прашање и тоа е поранешниот министер за надворешни работи, сега министер за евроинтреграции Никола Димитров, кој брутално почна да ги саботира меѓусебните односи, почна да оди по европските држави. Јас, освен што сум роден во Скопје, сум живеел во Брисел и оценката за Никола Димитров во моментов е потврдена и би било убаво македонскиот премиер да се замисли за резултатите од неговата дипломатска мисија. Тој е поопасен од коронавирусот, рече Нешков.
Во гостување на телевизијата „Бугарија Он Ер“, тој додаде дека Димитров зборувал различни работи во Софија и во централата на ЕУ во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.