СДСМ сака брзи избори по цена на здравјето на граѓаните.

СДСМ ја интересира само власт, а не здравјето на граѓаните.

Јасно ли му е на СДСМ дека во вакви услови, во услови кога секој ден има новозаболени, а има и починати, граѓаните се загрижени за своето здравје, а исто така се заинтересирани и како ќе преживеат зошто допрва ќе се гледаат економските последици од корона кризата.

Јасно е дека ниту државата се справува со епидемијата, ниту со економските последици.

Како мисли СДСМ дека со брзи избори ќе се воспостават легитимни и функционални институции?!

Како тоа Никола Димитров и Мила Царовска им кажуваат на граѓаните дека треба да одат да гласаат кога тие се загрижени за своето здравје.

Димитров е министерот во чие министерување се смени името и се тргува со идентитетот. Затоа им гори под нозете.

И како тоа велат дека имаат почит кон здравствените работните? Тие ги излажаа здравствените работници на кои им ветуваа плата од 100 илјади денари и ги излажаа.

СДСМ прво нека ја извади главата од песок, нека ги стави граѓаните и нивното здравје на прво место, а не политиката и функциите.

СДСМ покажа само неспособност за справување со корона вирусот и последиците од него, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.