Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека слушнал за оставката на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, но од Атина добил уверување дека остануваат посветени на завршување на процесот со Преспанскиот договор. Тој веднаш по веста за оставката комуницирал со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Ја видов веста за министерот за одбрана, Панос Каменос кој ја напушти Владата. Веднаш имав кратка коресподенција со мојот колега Катругалос и добив уверување дека грчката влада останува силно посветена да ја заврши работата со преспанскиот договор. И мислам дека покорисно е да упатуваме порака дека е време двете држави кои се соседни земји да го направат овој исчекор кон блиско пријателство и идни сојузници, изјави Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.