Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров ја доби наградата за придонес кон европската интеграција на регионот, од страна на European Western Balkans (EWB), признание кое се доделуваше по повод петгодишнината од постоењето на порталот.

Наградата му е доделена поради „демонстрирање на извонредни напори во доближување на неговата земја и регионот поблиску до ЕУ, провирање на духот на соработка и мир во регионалните односи, со посебен акцент на нормализација на односите меѓу Грција и Македонија, како и давање поддршка за пример за демократските реформи и надминување на товарот на минатото во Западниот Балкан, истакнува EWB.

Димитров, пренесува порталот, ја изрази својата благодарност за Наградата и истакна дека без European Western Balkans медиумската сцена немаше да биде комплетна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.