По изјавата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Карачанов, дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, доколку Мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, за Радио Слободна Европа (РСЕ) порача дека Договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа и дека во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно.
Димитров за РСЕ вели дека имајќи ја предвид визијата за заедничка европска иднина како блиски народи и соседи, убеден е оти со заеднички сили треба да се работи на решенија кои ќе обезбедуваат почит и достоинство за двете страни.
Тоа е одговорна и зрела политика, тоа се европските вредности. Изјави што може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите не помагаат. Историјата ќе не’ памети според тоа како сме се однесувале кон иднината – вели Димитров.
Според него, прифаќањето на минатото, но и на сегашноста, мора да се темели токму на ова право, како за хероите од минатото кои се од големо значење за двете страни, така и за денешните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.