Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи!, напиша на Твитер македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров откако и грчкиот парламент го ратификува Преспанскиот договор.

„Драги Алексис, Јорго и Никос,

Храброста и надежта го поразија стравот. Иднината е тука. Како што често вели Никос, историјата треба да биде учител, а не затвор. Јас сум толку горд со она што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи! Да живее визионерскиот патриотизам!“, напиша Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.