Подобро е да сме изненадени од добра вест бидејќи имаме доволно искуство од разочарувања и неисполнети надежи. Многу е важно што во оваа фаза голем интерес и ангажман покажуваат претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, што ни дава надеж дека со тоа ниво на ангажман сепак ќе се успее да се направи пробив, иако мислам дека треба да бидеме уште многу внимателни со очекувањата, со надежта. Затоа е време за одговорност и да мислиме мислиме каде ќе биде овој регион пет години од денес, десет години од денес.

Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на која беше презентиран Извештајот на Европската комисија за реформскиот напредк на Македонија.  

– Ние сме земја која добива позитивни извештаи со можеби некој исклучок исклучок секоја година од 2009 наваму. Ние сме сега 2021 година и не случајно зборот кредибилитет беше спомнувам толку многу вчера и од комесарот Вархеји и од европратениците членови на АФЕТ комитетот. Затоа тоа што постојано и ние го велиме влогот навистина е огромен не само за нас, тоа е очигледно, меѓутоа и за регионот и за самата ЕУ бидејќи кога има позитивен извештај, а нема акција, тоа влијае на вредноста на овие извештаи и тоа е сосема природно. И бидејќи се наоѓаме во период на избори иако локални, на некој начин дали ЕУ ќе успее да испорача тогаш кога земјите од Западен Балкан испорачуваат ќе влијае дали политиките – проевропските политики ќе бидат вреднувани од гласачите, рече Димитров.

Тој оцени дека тука мисијата е заедничка, како што рече, да ги направиме проевропските политики убедливи во очите на граѓаните на Западниот Балкан. Тоа, додаде Димитров, го имаме и ние како држава, меѓутоа таа одговорност ја споделуваме заедно со ЕУ, бидејќи кога земја испорачува а ЕУ не, тие сили што се вложени и се борат со таква мисија проевропска, проевропска се разбира имаат политички предизвик.

Според Димитров, можеби ако не се успее да се направи пробив со словенечкото претседателство, можеби има мал простор со следното француско претседателство, меѓутоа, оценува, пак влегуваме во водите на „што ако“.

– Јасно е дека ЕУ одлучува со консензус, нас ни требаат 27 земји-членки. Тие кажаа „да“ заедно во март минатата година, меѓутоа една, нашиот сосед Бугарија оневозможува да биде усвоена преговарачката рамка и да не биде одржана првата меѓувладина конференција. Тоа се разбира влијае на нас, влијае на македонско-бугарското пријателство и влијае на политиките на целата ЕУ кон целиот регион бидејќи токму на нашето досие многу од соговорниците од земјите од Западниот Балкан велат ако вие не успеете каква тоа порака нам ни испраќа после сите наши аргументи со чекање, со напредокот. Затоа е време за одговорност на некој начин да мислиме каде ќе биде овој регион пет години од денес, десет години од денес, нашите соседи се исто на некој начин од овој регион без разлика што се во ЕУ, а што ние уште чекаме да ги почнеме пристапните преговори, рече Димитров.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.