Американската амбасаорка во Република Македонија, Кејт Мари Брнз, на среба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, истакнала дека САД како наш традицонален пријател и клучен партнер во реализација на нашата евроатлантска цел, остануваат суштинска поддршка и во реформскиот процес витален за остварувањето и на нашата европска агенда
Како што соопштија од СЕП, соговорниците разговарале на повеќе теми, со акцент на клучните активности во периодот што следи, во контекст на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската Унија.
САД остануваат суштинска поддршка и во реформскиот процес витален за остварувањето и на нашата европска агенда, несебично вложувајќи ги своите политички и економски капацитети – порачал Димитров.
Од американска страна, Брнз истакнала дека со исполнувањето на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО, како и со напорите за спроведување на принципите и вредностите на зрела демократска држава, Македонија продолжува да ја зацврстува својата позиција на кредибилен партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.