Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека доколку продолжи блокирањето на Македонија за почеток на преговори, тогаш убаво би било да се фокусираме на реформската агенда дома и да чекаме ЕУ да најде европско решение кое нема да задира во македонските идентитетски прашања.

-Ќе разговараме се додека има минимален простор за некаков успех, меѓутоа нема да разговараме за прашања за кои не се разговара. Нашата позиција е кристално јасна. Ако македонскиот јазик е пречка за првата меѓународна конференција, тогаш во ред, нека нема конференција.

Во октомври добивме извештај до каде сме и колку сме подготвени за членство. Извештаите се споредливи во реагионот. Годинава сме најнапред во однос на демократија, демократски институции, медиуми, владеење на правото. Тоа значи дека процесот на пристапување сам по себе не носи чуда. Ако вака продолжи ЕУ, не знаеме како ќе продолжи, убаво би било да се фокусираме на реформската агенда дома, без разлика дали ќе има преговори. И да поканиме земји членки да ги помагаат од надвор. Пример земја која предничи во владеење на правото, да ја поканиме да ни помогне во реформите во судството. Ќе биде лошо ако влеземе во некој очај на бескрајно чекање. Мора да си ја држиме реформската кондиција. За тогаш кога ЕУ ќе овозможи европско решение, да бидеме во кондиција, вели Димитров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.