Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, во дебатата на ТВ 24 потенцираше за узурпацијата на системот на МВР, нешто што денес требало да биде минато во земјава.

Потрошивме многу време на улица заедно за да го спречиме тоа, да не се повтори никогаш. Ако се сеќавате на слоганите „Нема правда нема мир“ и „ова повеќе никогаш нема да дозволиме да се случува“, тоа уште повулгарно се случува во Куманово.

 

Она што беше вчера можам да кажам само дека беше премногу промискуитетно, бидејќи недозволиво е такво инволвирање на полицијата во изборниот процес и злоупотреба на позициите на многу полициски службеници. Голем дел од нив директно ангажирани во шеста управа, некои во личното обезбедување на министерот Спасовски, директно да учествуваат во монтирање на еден изборен процес. 

 

Но, за тоа ќе зборуваме после изборите, сега сакам да се насочам исклучиво на проектите и развојот на Куманово. Впрочем, четири години ги поминав на тоа. Решивме голем број на проблеми, а некои поединци доколку имаат доблест еден ден ќе се срамат – изјави Димитриевски.

Тој истакна дека земјава има урупирани политички партии, трансформирани во акционерски друштва коишто функционираат по желба на поединец.

Работат врз база на проценка на полипбирото, се носат највисоките одлуки горе, се спуштаат на Централен одбор, на Извршен одбор, членовите само се констатираат, ако има дебата или нема. Многу ретко се свикува седница и се постапува по желбите на полибирото и тука е узурпацијата.

 

Недостатокот на демократија е ова што денес го имаме во Куманово, бидејќи кога сакате на некого да му дадете тогаш тоа не можете да го направите со сила – изјави Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.