„Куманово е олимписки град и Куманово на 31-ви октомври ќе победи. Во следниот мандат ќе го реконструираме Градскиот стадион, Соколана и спортската сала. Исто така, во изборната програма предвидено е реконструирање на спортскиот комплекс во поранешен Дом на АРМ, ќе изградиме нов скејт парк, ново спортско игралиште во секој училишен двор. Љубителите на трчањето ќе имаат нови трим патеки по должина на градскиот кеј и ќе обезбедиме поголем буџет наменет за развој на спортот преку Општинскиот сојуз на спортови“, вели независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.