Искусниот новинар Предраг Димитриевски смета дека се позитивни кандидатските листи за пратеници, кои вечерва ги објави ВМРО-ДПМНЕ. За време на своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа тој посочи дека имињата на Игор Дурловски и Гордана Сиљановска Давкова, кои се носители на листи, се имиња кои што гарантираат успех на овие предвремени парламентарни избори. Димитриевски посочи дека Мицкоски воведува нов стандард во македонската парламентарна пракса на шпицен кандидат со тоа што тој не се наоѓа на листата на пратеници.
-Колку што забележав и самиот Мицкоски не се споменува на листите што значи дека воведува нов стандард веќе во нашата парламентарна пракса како шпицен кандидат. Јас би се согласил дека кандидатите носат одредена свежина и само ја потврдуваат апсорпционата моќ на ВМРО-ДПМНЕ. Од стариот парламентарен состав задржани се исклучително чисти имиња, вели новинарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.