Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека треба многу внимателно да се решава со бугарското прашање, а преговарачот Владо Бучковски треба веднаш да се повлече.
Треба да се оди многу внимателно со бугарското прашање, бидејќи етногенезата на македонскиот народ е дефинирана и не смее да дојде во ниту еден момент под знак прашање редефинирање на припадноста, дали тоа сме ние македонци или не. Преговарачот којшто е во Бугарија господинот Бучковски треба веднаш да се повлече, бидејќи имаме ние многу покомпетентни лица кои можат да работат посериозно на оваа тема. Впрочем, има одличен амбасадор, има луѓе со искуство кои треба да продолжат да разговараат со бугарската страна, да се очекува исходот во Бугарија со формирање на новата Влада која не очекувам да се формира пред средина на декември, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.