Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски им изрази благодарност на сите кумановци коишто излегоа денеска на избори.
„Денеска Куманово и Македонија победија, не победи Максим Димитриевски, а разликата е повеќе од шест илјади гласа. Им ветувам на граѓаните дека сето тоа што беше кажано во кампањата ќе биде и реализирано. Сѐ базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата над обид на поедини структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која наликува на нешто што беше минато. И ќе го дадам својот максимум за да ги смениме работите во иднина“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.