Во вечерашната емисија на Алсат М телевизија, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски изрази верување дека ќе ја добие повторно поддршката од социјалдемократите, неопределените и сите граѓани кои живеат во Куманово.
„Во Куманово во првиот изборен круг имавме борба на Давид и Голијат, а Давид го победи Голијат. Се боревме само со граѓаните против сите политички субјекти. На една страна АД СДСМ и ДУИ, а на друго место ВМРО-ДПМНЕ со неговите коалициони партнери. На трета страна Алијанса на Албанците и Алтернатива. Издвојувавме со граѓаните една голема победа во првиот круг и сериозна победа за советничката листа. Во вториот круг ја бараме поддршката од сите граѓани, бидејќи на нас граѓаните ни се партнер во овие избори. И ние доаѓаме од граѓаните и работиме исклучиво за граѓаните. На нас не може ниту еден партиски шеф да ни даде било каква насока. Очигледна е поддршката, ги слушнавме политичките партии.
Потпишан е Меморандум за соработка со Алтернатива и Алијанса. Веќе отворено работат за поддршка. Дополнително, добивме поддршка и од опозицијата принципиелно, бидејќи факт е дека опозицијата ги поддржува сите кандидат кои во овој момент се против АД СДСМ. Јас како социјалдемократ верувам дека ќе ја добијам повторно поддршката и од моите социјалдемократи и од неопределените, и од сите граѓани, без разлика на својот етнички пристап, бидејќи концептот „За наше Куманово“ е концепт за сите граѓани во општина Куманово. А јас живеам заедно со Албанците, Србите, Ромите во тој дел на градот, го знам тој менталитет и живеам заедно и за тие луѓе“, истакна Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.