Листата на Наше Куманово на актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски обвини дека не престануваат притисоците, заканите и уцените на активисти и симпатизери на Наше Куманово. Ова не е првпат Димитриевски да информира за пресија од власта врз неговите приврзаници.
Сега сме сведоци на изнудени аудија каде се прикажува неточна слика за наводен поткуп. Досега одржавме низа прес-конференции на кои со докази информиравме за злоупотребите од страна на еден кандидат за градоначалник во овој изборен процес. Ќе ги доставиме до сите релевантни институции ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ, како и на странските амбасади во земјава. Не сакаме да помислиме дека актуелното Министерство за внатрешни работи, иако имаме индиции, е ставено во функција на еден од кандидатите за градоначалник на Куманово, пишува во реакцијата на Димитроевски.
Наше Куманово го повикува МВР до крај да го истражи случајот со снимката што излезе во јавност.
Ние уште денеска ќе поднесеме пријава за обид на изнуда на средства од кандидат во време на изборен процес, што е потврдено и во снимката дека лицето бара средства за да обезбеди гласови. Бараме по расчистувањето на случајот да се произнесе Јавното обвинителство што треба по службена должност да одговори на нашата пријава.
Листата за наше Куманово и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски се добро познати на кумановската јавност и граѓаните, и затоа нема да дозволат начинот на комуникација со граѓаните да се сведе на обидот на монтирање на нелегални снимки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.