Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во дебата на ТВ 24 информира дека сите улици кои ги има ветено ќе бидат реализирани во следниот мандат.
Сите улици кои ги имам ветено во рамките на мојата кампања ќе бидат реализирани во периодот од следните четири години, а до крајот на годината оние кои ги има во програмата и буџетот, некаде околу три-четиринаесет. Нашите ветувања се реални. Куманово ќе добие нови зелени паркови, нови зелени површини, нови спортски содржини. Многу урбани катчиња и улици, буквално, во Куманово повеќе никогаш нема да има кал.
Да не затеков лоша финансиска состојба во општината калта ќе беше минато. Еднаш засекогаш ќе тргнеме да го средуваме центарот на градот како што му доликува на еден модерен и урбан град.
За вработувања нема да коментирам, господинот Илиевски е експерт за вработување. Цело Куманово знае дека тој е шеф на кадровската комисија на СДСМ и всушност знаат луѓето кој и каде ги вработува – потенцираше Димитриевски.
Тој истакна дека никогаш додека е градоначалник не купил земјиште во општина Куманово, туку земјиштето е купено 2009/2010 година кога се вратил од работа во Ирак и не бил инволвиран во политичкиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.