Актуелниот градоначалник на Куманово и кандидат кој во вториот круг се соочува со Оливер Илиевски од СДСМ, Максим Димитриевски преку вклучување во живо на својата официјална фејсбук-страна извести дека полицијата го спречува во тековното работење како кандидат во рамки на изборната кампања.
Поради вршење на технички преглед со ротации возилото во кое се превезува актуелниот градоначалник на Куманово се спроведува на технички преглед иако како што вели тој, возилото е ново.
Еве сега во моментот како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново со уредно полномошно за управување, согласно со сите законски нормативи и прописи. Наовој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и како кандидат во рамки на изборната кампања. Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, со ротациони светла и полициска придружба не насочуваат каде ќе не носат, а каде ќе не носат и самиот не знам. Еве јавно го повикувам господинот Спасовски да даде образложение за ова се случува во Куманово и кои се мотивите континуирано да бидам следен од страна на полициски службеници, дали има налог од Основно јавно обвинителство за такво постапување и зошто е ваквиот третман кон мене и кон луѓето кои работат во рамки на своите професионални ангажмани и се ангажирани со својот дел на работење во моето опкружување, порача Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.