Независниот кандидат за градоначаник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во дебатната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија истакна дека се слушнал со кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, кој објави дека е позитивен на корона вирусот, и му посакал добро здравје.

Се слушнав со Тони Михајловски, му посакав добро здравје. Нема симптоми, да закрепне побрзо за да се врати во трката назад, бидејќи треба да дебатираме пред граѓаните. А, воедно и да кажам дека јас сум тврд социјалдемократ и еве ме во студиото. Социјалдемократите не бегаат од дебата, туку транспарентно се соочуваме со реалноста – изјави Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.