Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска присуствуваше на завршен настан на проектот „Занаетот моја сигурна иднина“ кој се реализираше од страна на здруженијата Мајка, Сирма и Коло
Српских сестара.
Проектот е согласно приоритетна област – Социјална кохезија и намалување на сиромаштија. Преку проектот 10 жени на возраст од 30-45 години се стекнаа со диплома за фризери и базичен алат за работа.
Проектот директно влијае во зголемена можност за вработување и развој на претприемништво, а се реализира согласно Јавниот повик за граѓански организации од Општина Куманово, финансиран преку Програма на локален економски развој за 2021 година, информираат од тимот на Максим Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.