Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, вечерва се сретна со жителите од село Речица, како и со жителите од Долно Којнаре и Горно Којнаре. На средбите, тие разговараа за предизвиците со кои се соочуваат жителите од овие населени места.

Димитриевски им се заблагодари на неговите сограѓани што се одважиле и дале поддршка за концептот „За наше Куманово“, кој претставува слободна мисла и акција на секој граѓанин кој сака да живее во поуспешна и похумана, развојна општина.

Во нашата изборна програма предвидено е реконструкција на водоводната мрежа на улица „Никола Тесла“ до село Долно Којнаре по цела должина, како и довршување на фекална канализација во село Режановце и село Горно Којнаре. Имаме во план по победата на локалните избори да направиме реконструкција на подрачното основно училиште „11 Октомври“ во село Речица, а исто така и реконструкција на подрачното основно училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре и многу други проекти. Имаме цел да ги развиеме селата, затоа што нема силен град без силно село.

Од наше Куманово сакаме да направиме подобро место за живеење за нас, за нашите родители, за нашите децата. Во идниот мандат продолжуваме да работиме посветено за подобар квалитет на живот, за маала полни со детски жагор, за посреќни граѓани во урбаните, урбано-руралните и руралните средини“, вели Димитриевски.

Едноставен е изборот на претстојните локални избори. Број 80 за независен кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски и број 61 за независната советничка листа предводена од Ивана Ѓорѓиевска. За мое, за твое, за наше Куманово.

Сите проекти кои се во план на реализација по победата на 17-ти октомври може да ги погледнете на следната веб-страница: https://maksimdimitrievski.mk/.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.