Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, за „Утрински брифинг“ информира дека општината во моментов нема никакви долгови и обврски према никого.
Должиме 0 денари, а побаруваме средства и дополнително реализираме сериозни инфраструктурни проекти. Тоа е наша обврска како менаџери на градот. Ова дождливо време малку ни ги поремети односите, бидејќи веќе почнавме со изградба на инфраструктура во руралните средини и планираме штом ќе даде можност времето да продолжиме. Успеавме да направиме многу и за градот и за општината – соопшти Димитриевски.
Тој истакна дека во месец октомври, на давањето отчет за три годишното работење, има амбиции за нов мандат, бидејќи програмата е концепирана на две, четири и осум-годишни проекти. Сепак, Димитриевски истакнува дека граѓаните се тие кои го даваат мандатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.