Единствените капитални проекти кои беа ветени како проекти во програмата во период на реализација беа капитални проекти финансирани со поддршка на Владата, останаа нереализирани бидејќи едниот стои се уште во фиоката на Кочо Анѓушев. Вториот е во фаза на гасификација, Куманово впрочен е единствениот град којшто има и развива гасификација – имаме домаќинства, но, и сите јавни објекти во градот – истакна независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во дебатна емисија со кандиодатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски.

Тој потенцираше дека стратегијата за отпад е веќе помината и сега во моментов се бара локација за изградба на претоварна станица.

Тоа што го покажавте на сликата е улица Киро Фетак којашто не е реконструирана, туку има замена на водоводна мрежа како што гледате. И следната година е во фаза на реконструкција, таму треба дополнително и гасификациона мрежа да се гради, а сликите од реката ви се стари, бидејќи реката се чисти континуирано. Тоа што се загадува од сите страни никој не може да одговара. Контејнерите коишто ги покажавте се всушност контејнери во коишто има најмалку комунален отпад, има друго се. Ги чистиме редовно на секој месец таквите локации каде што се прават диви депонии, но господине Илиевски треба многу повеќе да се движите во градот за да ја сфатите суштината и да направите разлика од санација, реконструкција и изградба – изјави Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.