Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски во дебатната емисија на телевизија Клан потенцираше дека пред четири години сите основни и средни училишта во Куманово биле должни повеќе од 2 милиони евра, но денеска не должат ништо.

Тој истакна дека општина Куманово била една од трите најзадолжени општини во државата, покрај Охрид и Тетово. Во мандатот на Димитриевски вратен е долг од 11ипол милиони евра, со што во моментов Куманово е стабилна финансиска општина со финансиски средства кои ќе бидат искористени за реализација на проекти.

Димитриевски, посочи дека сите тендерски постапи во општината се транспарентни и Куманово е единствената општина која самата има побарано контрола на работата од државната ревизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.