Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Став“ на ТВ Плус потенцираше дека од општина со долгови од 11ипол милиони евра, денеска општината нема никакви долгови, а на сметка во моментов има 4 милиони евра кои ќе бидат искористени за инвестирање во Куманово.

Во однос на проектите од изборната програма „За наше Куманово“, тој рече дека реализацијата на проектите е реална и информираше дека во следниот мандат следуваат 5 нови кружни на пет клучни локации.

Димитриевски истакна дека во следниот мандат ќе бидат изградени три нови градски паркови, на влез во село Проевце, на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол и изградба на урбан сквер “Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. Тој најави и реконструкција на стариот градски парк со негова трансформација во смарт парк со многу различни содржини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.