Не се согласувам со ставовите на премиерот за БГНЕС. Бугарија не била администратор, туку окупатор во Македонија, македонскиот и бугарскиот јазик не се исти.

Ова во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ24 го кажа актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Во Бугарија се избори, па рејтинзите на тамошните партии по однос на Македонија растат. Ние да не дозволиме да си го погазиме сопственото битие. Мора и треба да влеземе во ЕУ само како Македонци. Никој не може да го поништи нашиот корен, ако не го сториме тоа ние самите. Тие бараат, но де факто тоа што го бараат е нереално. Нашите предци се залагале да создадат држава. Македонскиот народ не постои од 1944, сме постоеле, постоиме и ќе постоиме. Не се согласувам со ставовите на премиерот за БГНЕС. Бугарија не била администратор, туку окупатор во Македонија, македонскиот и бугарскиот јазик не се исти. Заев има специфичен начин за обраќање кон јавноста. Ние сме независен народ кој се борел за сопствена држава, вели тој.

Димитриески децидно порача дека историските факти не смеат да се побијат, па оттаму и одбива да менува табли на споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

Истата наука го потврдува дека предците и револуционерите се бореле за нашата земја. Ние можеме да зборуваме за дел од заедничка историја, но ние си имаме историја која е потврдена и е исклучиво наша. Но, тоа е работа на историската комисија. Не треба да се спречи процесот на евроинтеграцијата. Во Куманово, нема да ги смениме спомениците каде пишува бугарски фашистички окупатор. Факт е дека нашите семејства беа жртви на тој окупатор. Бугарија треба јавно да се извини и да продолжи понатаму. Во спротивно, ако се осудите да менувате табли, ќе ве осуди сопствениот народ пред сè, истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.