Изборните нерегуларности како случаите на агитирање, притисоци и поткупи за кои вчера обвинија кандидатите за локална власт од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ не биле пријавени во Министерството за внатрешни работи.
Како што појасни денеска кандидатот за уште еден градоначалнички мандат, Максим Димитриевски, неправилнсотите не биле пријавени, бидејќи тие немаат доверба во МВР, со огелд ана тоа, како што тој обвини, токму МВР го организирале сето тоа.
Нашите претставки се поднесени до меѓународните мисии и набљудувачи во државата. Морам да истакнам дека во моментот за жал се создаде во Куманово систем којшто функционира по принципот Кадија ве тужи, кадија ве суди. Голем број на припадници на Министерството за внатрешни работи, а најголем дел од нив коишто беа се вклучени во личното обезбедување на актуелниот министер Спасовски беа директно инволвирани во изборниот процес и правеа изборни нерегуларности, но за жал не постои систем кој во моментов може да го демонтира таквото нешто, бидејќи секогаш при наш обид да направиме фото документирање или обезбедиме дополнителни докази бевме спречени и официјално од униформирани или неуниформирани службени лица, каде нашите активисти беа легитимирани и спречувани да го докажат тоа во вистинска смисла на зборот- обелодени Димитриевски.
Вели дека системот ќе биде демонтиран од страна на граѓаните на 31ви октомври.
Не пријавивме во МВР бидејќи немаме доверба во МВР, МВР беше таа која го организираше целиот тој настан. Сведоци бевме дека низ Куманово се шетаа цели шлепери со бекатон плочки, дополнително комбиња и камиони каде се делеше различен вид на помош. Од страна на полициски службеници беше организирано делење на пари, организиран поткуп и сето тоа најдобро го знаат кумановчани, а да не зборувам за влегување во детали, семејства, каде беа уценувани поединци со вадење на лични досиеја итн. Но, тоа граѓаните го препознаваат и на 31ви ќе го казнат уште повеќе – изјави Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.