Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во емисијата „Став“ на ТВ Плус, вчера истакна дека не може да бидат фер изборите кога цело МВР е мобилизирано за изборниот процес во Куманово.
„Не може да бидат фер изборите кога вие го имате мобилизирано цело МВР и целиот државен систем на чело со министерот за внатрешни работи, којшто се уште нема дефинирано дали е тој кандидат или пак Оливер Илиевски. Дополнително, служење на сите недемократски методи, впрочем тоа се покажа на пракса, кога бев стопиран, а јавноста нека суди. Целиот инструмент на власта се почувствува на денот на изборите, во првиот изборен круг. Имаше обид и за изнуда на средства во изборен процес каде еден од нашите кандидати е снимено од друго лице. Кандидатот веднаш пријави во МВР, и замислете, 10 минути по пријавувањето во МВР од страна на лицето коешто изнудува пари го контактира нашиот кандидат и бара објаснување зошто го пријавил. Што значи дека некој од МВР директно соработува со тоа лице. Иако се тоа кривични дела поврзани со изборен процес и се водат по кратка постапка уште нема ништо“, потенцираше Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.