Кандидатите за градоначалник на Куманово, остварија пријателска средба на која разговараа за иднината на градот.

Како што истакна независниот кандидат, Максим Димитриевски, подготвен е внимателно да ги разгледа програмите на своите противкандидати во првиот круг и да ги вклучи нивните добри проекти во една програма која ќе донесе добробит за сите кумановци.

Супер кафе дружба со кандидатите за градоначалници на Куманово Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. 🤜🏼🤛🏼

 

Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи добробит за сите кумановци.

 

Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на 31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово! – порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.