Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, остварија средба со претставници од граѓанските организации, хуманитарно здружение Мајка, Здружение Цивис, Коло српских сестара, Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово, Порака наша, Доверба, Ц.Р.З ДРОМ и ПР Агенција Биди своја.
На средбата, заеднички беше разговарано за локалните проблеми и важноста од вклученост на граѓанските организации во подобрувањето на состојбите во Куманово.
Граѓанскиот сектор е двигател на општествените промени. Здруженијата на граѓани имаат значајна улога во креирањето на локални политики и затоа тие треба да се главен партнер во градење на позитивни промени на локално и национално ниво, порача Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.