Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во „Студио 10“ на ТВ 24 информираше дека во идниот мандат како општина ќе го решаваат проблемот со гимназијата „Сами Фрашери“ затоа што Министерството за образование и наука нема сенс и желба да направи било што.

Дезинформации се дека нема ДУП-ови. Има документација, само Рената Треноска Дескоска како ресорен министер имаше сенс да стави три месеци пари во буџетот, кои на крај не се реализираа. Ние самите ќе го градиме училиштето, нарачавме проекти и други работи – изјави Димитриевски.

Тој истакна дека во изминатиот период се направени 13 спортски игралишта, најголем дел од нив во основните училишта, и додаде дека во цела Македонија не може да се видат толку изградени современи спортски игралишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.