Ниту една политичка партија, најмалку СДСМ, која што е државотворна партија, не е приватна фирма или акционерско друштво, за да може било кој во партијата, вклучувајќи го и претседателот на партијата, да носи едногласни, односно субјективни одлуки. Постојат органи и тела, статутот ја дефинира самата постапка како се исклучува член на партијата. Мислам дека исклучувањето беше една голема грешка пуштена во јавноста, не знам од кои побуди. Како и да е, јас сум член и ќе останам член на СДСМ. Мене никој не може да ми забрани да бидам социјалдемократ по убедување. Времето ќе покаже кој всушност направил грешка и зошто така лесно партијата се откажува од свои видни членови кои своевремено биле на браникот на партијата, а денеска не ги гледаме во опкружување, не се дел од извршната власт. Има некои нови луѓе коишто немаа свој идел во целиот оној период на рушење на власта на Груевски. Времето ќе покаже дали и ние направивме одредени грешки. Јас сум секогаш подготвен доколку сум направил грешки да се извинам на јавноста – смета актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој на претстојните избори излегува како независен кандидат.

По неговата одлука да се кандидира како независен кандидат, раководството на СДСМ посочи дека „сам се исклучил од партијата“.

„Јас мислам дека луѓето околу Заев додаваа масло на огнот при носењето на ваквата одлука, бидејќи факт е дека постојат одредени нетрпенија меѓу поединци внатре и мене и тоа се случува во континуитет повеќе од три години од моментот кога беа поделени пари од Фондот за иновации на поедини фирми, правни и физички лица кои беа блиски до оние кои всушност ги распределуваат тие средства. Подоцна имавме во Министерството за здравство еден обид на мала врата да се протурка тендерот за набавка на реагенси каде јавно реагирав и реков дека таквиот начин на функционирање ми наликува на нешто против кое се боревме. Ковид кризата можеби и ја прелеа чашата. Јас се обидов на еден војнички начин , по советување токму на лица кои доаѓаат од сегментот на одбраната и безбедноста да се справиме со ковид кризата многу посериозно. Имате два начини на справување. Едниот е политички, кој е во моментов и другиот е војнички, кој што е спроведуван своевремено во периодот на варола вера во поранешна Југославија. Не наидов на разбирање. Дојдовме до конфликт со тогашниот премиер на техничката влада. И мислам дека дефинитивно бугарското прашање и одредени изјави ја прелеаа чашата. Дојде до нарушени односи меѓу поединци во партијата и мене со поголема група подржувачи кои даваа поддршка на таквите мои ставови зошто јас не можам да прифатам дека Куманово го ослободиле бугарските ослободителни сили или пак Бугарија била администратор во Втората светска војна. Да не зборувам за Гоце Делчев и за сето она што значи напоредокот и етно генезата на македонскиот народ – вели Димитриевски во интервју за Тв Алфа.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Максим одлучи да тргне против Максим. Запрашан дали смета дека има моќ и сила да се бори против политичка партија тој вели:

Ја чувствувам поддршката од моите сограѓани и затоа иззегов со еден ваков граѓански концепт За наше Куманово. Излегуваме со кандидат и независна листа на советници и сигурен сум дека ќе ја добиеме поддршката на граѓаните, која всушност и се чувствува, таа е секојдневна. 17 октомври тоа ќе го потврди. Тогаш ќе видиме кој бил во право, а кој многу грешел. Јас не излегов од партијата во моменти кога е во тешка опозиција, туку имав сигурен мандат како кандидат на СДСМ, како успешен градоначалник кој имплементираше голем број на проекти. Сепак сите оние политички збиднувања во државата не ми оставаа простор да бидам слеп при очи и нем и да не излезам со јавен став како општествено одговорна личност. На тој начин дојдов до едни вакви односи со поединци во партијата, а не со членството, со кое сѐ уште имам одлично разбирање. Се обидоа на еден затскриен начин да ме елиминираат од самата кандидатура. Максим излезе со овој потег со цел да се обиде да промени нешто во општеството, бидејќи факт е дека Македонија како држава тлее во моментов и се уназадува поради погрешните политики на одредени луѓе коишто имплементираат власт во извршната власт и нивните погрешни одлуки. Не можам да кажам за сите министри дека се лоши кадровски решенија, но курцијалните министерства кои се под раководство на поединци се апсолутно лошите политики кои резултираат со големо разочарување кај граѓаните. Ветивме целосна департизација, а гледавме всушност многу слична состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.