Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски вели дека Куманово отсекогаш било град на работниците и така треба да остане – општина со силна економија и среќно работно ангажирани луѓе.
Целта е да ја развиеме економската зона Новини и Речица. Да ја отвориме за нови странски и домашни инвестиции. Да дадеме можност да се вработат поголем број на луѓе. Да бидат среќни и исполнети. Куманово било град на работниците и треба да остане така. Продолжуваме заедно со развојот на локалниот економски раст за наше Куманово заедно, вели Димитриевски.
Во рамките на локалниот економски развој, како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“, додава тој, сакаме да изградиме економски капацитети на локално ниво, со цел подобрување на економската иднина и животниот стандард на сите жители на наше Куманово, преку процес во кој јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор во коoрдинација со Локалната самоуправа ќе работат заедно како партнери, за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања. Со изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети ќе создадеме можност за отворање на нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство.
Во идниот мандат, Димитриевски предвидува:
– Вложување во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА.
– Креирање на стимулативни политики и програми за поттикнување на локален економски развој со акцент на старт ап бизниси, иновативност и социјално претприемништво.
– Поттикнување на занаетчиство кај младите преку промоција на занаетчиството и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со Занаетчиска комора.
– Организирање, поддршка и учество на локални саеми, бизнис форуми и друг вид средби и манифестации за економско регионално мрежно поврзување, со цел промоција и развој на економијата, размена на искуства и поттикнување за инвестирање.
– Градење партнерства со граѓанските организации преку мобилизација, вмрежување и поддршка за реализација на активности од јавен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.