Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во дебатната емисија на телевизија Клан истакна дека Куманово е Македонија во мало и дека тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово.
Ќе работам во сите делови. Куманово е Македонија во мало. Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Македонци. Јас сум градоначалник во моментов, барам поддршка за да останам градоначалник и да продолжам да работам за сите граѓани како што и претходно работев, бидејќи не смее и нема поделби во Куманово. И ако ме прашате кој е најдобриот проект на Максим Димитриевски во овие 4 години, ќе ви кажам – не е тоа инфраструктурен проект, тоа е проектот на 8 ноември 2019 година кога имавме 10 илјади млади Албанци, Срби, Роми, Власи кои пееја на концерт на Два бона и други изведувачи, од други етнички заедници. И тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово – рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.