Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово во Тема на денот во Дневникот на Сител кажа дека ќе направи се суштински да ја промени пртијата бидејќи голем број на членови не се согласуваат со политиките на раководството.
На последниот конгрес имавме заклучок дека токму различноста во партијата ќе се негува, а видовме со пример како се негува денеска таа различност. Јас ќе направам се да ја променам суштински самата партија одвнaтре, заедно со членовите, бидејќи има голем број на членови коишто не се слагаат со ваквите политики на актуелното раководство или на поединци коишто го имаат узурпирано актуелното раководство, а на коишто претседателот Заев им прави во континуитет отстапки. На што се должи тоа, самиот ќе треба да објасни – кажа Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.