Вчера во Куманово се одбележаа 100 години од раѓањето на легендарниот револуционер, командант и народен херој Христијан Тодоровски Карпош во неговата Куќа музеј, како значаен датум од македонската историја.

Согласно проектот на Сојузотна филателиститена Македонија „Сто години од раѓањето на седум народни херои во 2021“,б еше промовиран пригоден плик, на кој е отпечатен ликот на Карпош, придружен со соодветни филателистички податоци. На свеченото одбележување на јубилејот свое обраќање имаше и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Голем е денот а уште поголема е честа да се зборува за ликот и делото на Кристијан Тодоровски Карпош. Токму пред 100 години во ова наше шаренолико Куманово се родил еден човек, среден по раст, а голем во срцето и во душата. Карпош развивајќи се себе како личност е пример за многу генерации кумановци кои подоцна го користат тоа име во делот на нивниот духовен развој. Јас денеска нема да говорам за податоци, автобиографија, историографија на Карпош, бидејќи за неа знаат сите, и во Куманово и пошироко. Јас денес сакам да говорам за суштината на Карпош и како тоа Карпош е пример и бил, а ние средните генерации сакаме и да остане еден позитивен пример за кумановчани, за сите Македонци во државата, но и пошироко. Тој својот прекар Карпош го добил по првиот Карпош, кој бил еден од најхрабрите во регионот за време на турското ропство и потиштен народ на овие простори го кренал на востание. Тој го проучувал неговиот лик и дело и се изградил и создал во тоа што се претворил. Еден врвен македонски револуционер кој што оставил траен белег на македонската историографија, но со тоа и задолжил голем број на генерации да го следат тој пат. Израснав овде во ова маало, а секојдневно делот од нашите детски игри беше токму во овој двор, рече Димитриевски во своето обраќање.

За него пишувале многу кумановчани, како Дане Цеков, Блашко Јаневски и други негови соборци кои што оставиле пишан траг зад него. Тој бил и се разликувал во многу нешта од останатите, но секогаш бил различен во едно, тој сакал со својот пример да покаже и докаже како се сака државата, како се почитува идеологијата и го посакувал вековниот сон Македонците на овие простори да бидат слободни и свои на своето, истакна Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.