Расте поддршката на поранешниот социјалдемократ Максим Димитриевски, која доаѓа токму од партиајта од која беше исклучен.

„Голем број на истакнати членови од мојата СДСМ како и дел од основачите на СДСМ Куманово, Страшко Илиевски, Младен Славковски Маџо и Миле Арсовски со огромна поддршка за вториот круг од локалните избори за наше Куманово. Ви благодарам од срце! Нашиот концепт веќе е препознаен од сите граѓани и горд сум што сè поголем број на граѓани ни ја даваат поддршката. Ветувам дека ќе работам во интерес на сите кумановци, нема да правам поделби по ниту еден основ и ќе се вложам секој кумановец да има подобар квалитет на живот.“, порача независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.