Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, од името на Општината, а во чест на Новогодишните празници традиционално ги посети институциите, кои работат со лица од ранливи категории.

Во придружба на Дедо Мраз, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на корисниците на Дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ и Дневниот центар за лица со попречености-Куманово. На дечињата им посакав Дедо Мраз да им ги исполни сите замислени желби, а како општина продолжуваме да го подобруваме квалитетот на живот на сите граѓани. Куманово е инклузивна општина која се грижи за секого – порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.