Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска ги отвори трките од 3 и 10 километри „Born 2 run“ – настан кој по четврти пат се одржува во Куманово.
На отворањето Димитриевски истакна дека една од главните одлики на овој град се спортските навики и мултикултурализмот кои се негуваат.
И во претходниот мандат, но и во следните четири години продолжуваме да ги унапредуваме правата и можностите на младите. Минатата година, го отворивме првиот Младински центар во државата, а веќе во овој момент подготвуваме отворање на канцеларија за млади, која ќе биде лоцирана спроти старата печатница. Во план, исто така е Tech Center кој ќе биде лоциран на поткровјето на затворениот градски базен. Нашата цел е да овозможиме поголеми можности на младите, како на полето на едукацијата, така и на полето на спортот. Се заблагодарувам на сите млади кои земаа учество во овој настан и посакувам врвни резулати!“, рече Димитриевски.
Извршниот директор на Центарот за интеркултурен дијалог-Куманово Нами Исаки упати најголема благодарност до градоначалникот Максим
Димитриевски, до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонскиот Олимписки Комитет, СВР Куманово, Здравствениот дом, како и до Црвениот крст за
поддршката на овој настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.